Верувај и се е возможно: Зошто Столе Димитриевски сега им се смее на соиграчите од Рајо…

Столе Димитриевски ги бележи најдобрите настапи во својата кариера, македонскиот голман бранеше одлично на ЕВРО 2020 за националниот тим, а потоа уште повеќе напредуваше во новата сезона од Ла Лига.

Интересно, тој беше планиран за резервен голман бидејќи премиерниот меч со Севилја го почна Зидан на голот, но Французинот веднаш доби црвен картон, Димитриевски го зазеде неговото место и оттогаш е незаменлив во таборот на Рајо Валјекано. Овој тим е меѓу најпријатните изненадувања сезонава во елитното шпанско фудбалско друштво, а Димитриевски е првиот што гласно сонува да се избори за место во Лигата на Шампионите за наредната сезона.

„Пред неколку недели имав објава на инстаграм „Сонувам за Лигата на Шампионите“. Тогаш соиграчите ми се смееја и на крајот го избришав постот. Сега јас им се смеам на нив“, прокоментира Столе Димитриевски.

Рајо по вчерашната победа над Алавес се искачи на четвртото место на табелата со 30 бода, еден повеќе (но и одигран меч повеќе) во однос на шампионот Атлетико Мадрид, кој е петтопласиран во моментов.

Се вчитува...