Верувале или не: 18-годишен кошаркар купи професионален клуб

Семејстовото Бол секогаш има нови идеи како да го наметне своето влијание во кошаркарскиот свет. Потенцијалниот прв пик на НБА драфтот следната година Ламело Бол објави дека со својот менаџер Џермејн Џексон купил тим во австралиската НЛБ лига.

„Ние двајца сега сме соптвеници на клубот, договорот е завршен“, изјави Џексон. 

Тимот кој го купи најмладиот брат Бол кој има само 18 години е Илавара Хокс, а веста ја пренесе американскиот ЕСПН. Ламело годинава се пријави на НБА драфтот. Неговиот брат Лонзо настапува за Њу Орлеанс Пеликанс, а во 2017 година беше избран за втор пик од страна на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...