Верувале или не: „Џорданки“ од 1985 година продадени за 615.000 долари

Еуфоријата што владее околу Мајкл Џордан не стивнува ниту дваесетина дена по неговото пензионирање. Најдобар доказ за тоа е исходот од последната аукција на „Кристи“, на која патики што Џордан ги има носено беа продадени за неверојатни 615.000 долари.

Станува збор за црвено-бели патики со црно лого на „Најк“, што Џордан го носел на ревијален натпревар во Трст, Италија, на 25 август 1985 година. Мечот бил одигран како дел од турнеа на „Најк“ низ Европа, а Џордан постигнал 30 поени.

Претходно, рекордот за најскапи купени патики исто така се однесуваше на модел на „Air Jordan”, што во мај беше продаден за 560.000 долари.

Се вчитува...