Верувале или не: Мбапе е без гол во ЛШ цела 2020 година

Килијан Мбапе е еден од најдобрите светски голгетери во моментов, па токму затоа зачудувачки делува фактот дека францускиот ас е без постигнат погодок во Лигата на Шампионите во оваа 2020 година. „Ѕвездата“ на ПСЖ одигра седум натпревари во 2020, на теренот мина 529 минути, но ниту еднаш не успеа да се запише меѓу стрелците.

Последниот европски гол на Мбапе беше постигнат минатиот декември против Галатасарај, а тренерот Тухел не крие дека очекува големиот ас да се разбуди токму на вечерашниот натпревар против Лајпциг.

„Кога Мбапе не дава гол, секако дека тоа е удар за нас. Искрено се надевам дека ќе проработи, неопходни ни се неговите погодоци. Не се сомневам во неговата посветеност, знам дека прави се што може за да проработи“, изјави тренерот Томас Тухел.

ПСЖ мора да слави против Лајпциг, па токму затоа Тухел најавува ултра-офанзивна стартна формација со Мбапе, Нејмар и Кеан во навалната линија, помогнати од Анхел ди Марија.

Се вчитува...