Веселин Вујовиќ најде нов клуб – За првпат влегува во женскиот ракомет

Искусниот црногорски стратег Веселин Вујовиќ за првпат во кариерата ќе работи како тренер во женски ракомет. Тој се очекува во следните денови да го официјализира договорот со хрватската Подравка вегета.

Вујовиќ на почетокот на сезоната се врати во Вардар, каде поради слабите резултати посебно во Лигата на шампионите заработи отказ. По десет одиграни натпревари во А групата, Вардар се наоѓа на претпоследната позиција па поради тоа мораше раководството да се одлучи за промена на Вујовиќ, на чие место стигна Давид Дејвис.

Тој се очекува со хрватскиот шампион да потпише договор до крајот на сезоната, а цел на тимот ќе биде повторно освојување на домашното првенство, како и избегнување на последното место во А групата од Лигата на шампионите.

Се вчитува...