Веселин Вујовиќ нов тренер на словенечки Копер

Црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ, кој е и актуелен селектор на репрезентацијата на Словенија, пронајде и клупски ангажман. Тој во наредниот период ќе биде тренер на словенечкиот клуб Копер. „Вујо Мајсторе“, кој е поранешен тренер на Вардар и екс-македонски селектор, се договори со раководството на Копер за двегодишна соработка, со опција за предвремен раскин доколку добие подобра понуда.

„Согласно резултатот што го имавме со Словенија на шампионатот во Франција, очекував да склучам договор со некој голем европски клуб. Имав контакти со Фленсбург и со Кил, како и со неколку помали клубови од Полска, Романија и од Украина. По ова ме контактираа луѓето од Копер и се сложив на соработка, пред се затоа што во овој тим играат шест млади репрезентативци на Словенија. Финансискиот елемент не беше пресуден, но јас едноставно не можам долго време да издржам без да работам секојдневно во ракометот“, изјави Веселин Вујовиќ за словенечките медиуми.

 

Се вчитува...