Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да добие дополнителна конкуренција во средниот ред на Наполи во уругвајскиот интернационалец Матијас Весино. Тој е на излезна врата од Интер, а тренерот на „наполитанците“, Џенаро Гатузо, би сакал да го има во тимот. Раководствата на двата клуба интензивно преговараат и се надеваат дека зделката ќе биде склучена пред крајот на летниот преоден рок.
Весино во 2017 година дојде во Интер и одигра 79 натпревари, постигнувајќи осум гола. Но, конкуренцијата во средниот ред на Интер е се пожестока откако пристигна и Артуро Видал, па јасно е дека тој нема да има голема минутажа. Наполи би сакал да го добие на позајмица за една сезона, додека Интер планира комплетно продавање на 29-годишниот фудбалер затоа што мора да ги исполни и критериумите на финансискиот фер-плеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА