Весли Снајдер се враќа во Холандија

Искусниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер (33), го напушти турскиот Галатасарај и се враќа во татковината. Според последните информации, Снајдер ќе ја продолжи кариерата во дресот на Утрехт.

Поранешниот фудбалер на Ајакс, на Реал Мадрид и на Интер, по четири години поминати во Истанбул реши да го напушти турскиот клуб и да се врати во Холандија.

Снајдер кој е фудбалер со најдолг стаж во репрезентацијата на Холандија ќе биде најголемо засилување во историјата на Утрехт. Неговиот нов клуб минатата сезона заврши на четвртото место во Холандија, а избори и пласман во третото квалификациско коло во Лига Европа.

Се вчитува...