Весна предвреме го напушти теренот, одбојкарското дерби не го дочека крајот

Одбојкарското дерби меѓу екипите на Вардар и на Весна не го дочека својот крај откако гостите од Пробиштип демонстративно предвреме го напуштија теренот.

Весна дојде до водство од 0-1 добивајќи го првиот сет со 25-27, по што „вардарци“ собраа сили за пресврт, добивајќи ги следните два сета со 25-22 и 25-19.

Во текот на четвртиот сет, гостите го искажаа незадоволството на најлош можен начин, напуштајќи го теренот пред крајот на мечот, по што сосема извесно е дека „вардарци“ ќе добијат службени бодови, но и екипата на Весна ќе биде дополнително санкционирана.

Се вчитува...