Веспрем без две легенди во финалето со Вардар!

Нема многу време за славје по феноменалната победа над Барселона која го одведе Вардар во второто европско финале, бидејќи веќе утре „црвено-црните“ ги очекува дуел со Веспрем за тронот на ракометна Европа.

А шансите за успех во овој дуел уште повеќе се зголемуваат ако се земат во предвид неочекуваните проблеми со кои се соочи Давид Дејвис за време на денешното полуфинале со Кјелце, на кое стратегот на Веспрем остана без помошта на Арпад Штербик и на Ласло Наѓ. Екс-голманот на Вардар бранеше одлично во почетните десетина минути, но потоа настрада при еден судир со противнички ракометар, по што мораше да биде заменет и повеќе не се врати на теренот.

Тешка повреда на рамото заработи и Ласло Наѓ, за кого овој фајналфор исто така е предвреме завршен, а со оглед на значењето на унгарскиот ветеран во нападот, но и во одбраната, јасно е дека Дејвис ќе мора да најде „план Б“ за да го совлада Вардар.

Се вчитува...