Веспрем и без Манасков со една нога е на Ф4 во СЕХА

Веспрем е на добар пат да обезбеди учество на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата откако унгарскиот гигант славеше ан првиот четвртфинален дуел, на гостински терен против Нексе со резултат 33-35. Дејан Манасков не настапи на овој дуел, но и без помошта на македонскиот репрезентативец избраниците на тренерот Илиќ одиграа беспрекорен офанзивен меч, трасирајќи си го патот до Ф4 турнирот што следниот месец ќе се одржи во Задар.

Веспрем делуваше особено импресивно во нападот во првото полувреме, во кое унгарскиот ракометен гигант постигна дури 21 гол, на одмор заминувајќи со водство од 18-21. Нексе успеа да ја стабилизира одбраната во голем дел од второто полувреме, правејќи дури и пресврт, за на осум минути до крајот домаќините да имаат и водство од 31-29. Сепак, Унгарците заиграа далеку подобро во завршницата, постигнаа шест гола и со нов пресврт стигнаа до победа.

Гашпер Маргуч беше беспрекорен реализатор постигнувајќи девет гола од исто толку обиди за Веспрем, додека во таборот на Нексе најефикасен беше Халил Јагањац со десет погодоци.

Се вчитува...