Веспрем и Манасков од -4 до +3 во последните 15 минути против ПСЖ, Динамо го шокираше Кјелце

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и неговиот Веспрем трумфираа со 34-31 на домашен терен против ПСЖ во дербито на колото од Групата Б во Лигата на шампионите.

Иако на 15 минути пред крајот Веспрем имаше и негатива од дури четири гола, 20-24, на крајот стигна до триумф од три гола разлика. Омар беше најефикасен во победата со 10 гола, а хрватското лево крило Штрлек заврши со осум постигнати погодоци.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не успеа да се запише во листата на стрелците на натпреварот.

Динамо Букурешт пред своите навивачи со 32-29 славеше над фаворизираниот Кјелце. Избраниците на Чави Паскал одиграа одличен натпевар во првото коло од Лигата на шампионите изненадувајќи го полскиот тим.

Се вчитува...