Веспрем и Манасков поразени на првата контрола пресрет новата сезона

Дејан Манасков и Веспрем загубија минимало од Балатонфуреди со 32-31 во првиот контролен натпревар пресрет новата сезона.

Двете екипи одиграа еден израмнет меч во кој за нијанса беше подобар Балатонфуреди. Нашиот интернационалец натпреварот го заврши со четири гола од вкупно шест обиди. Најефикасен кај Веспрем беше Петар Ненадиќ со девет гола, додека еден помалку постигна Гаспер Маргуч.

Се вчитува...