Веспрем и Ненадиќ го измачуваат Вардар, негатива од седум гола на полувремето

Вардар губи на полувремето од дуелот од 10.коло во ракометната Лига на шампионите од Веспрем со 15-22 откако исклучително лошо влезе во натпреварот, а потоа мораше да ја брка високата разлика на противникот.

Веспрем имаше веќе шест гола предност во 10 минута кога поведе со 2-8, потоа во средината од полувремето водеше и со 5-12. Во вториот дел од воведните 30 минути, Вардар заигра подобро, успеваше да постигне повеќе голови, но никако не успеваше да ги спречи противничките погодоци.

Во 18. минута од средбата, Веспрем остана без Мануел Штрлек кој доби црвен картон. Вардар повторно е без Данаис Криштопанс кој е во составот, но остана на клупата.

Петар Ненадиќ е буквално без милост, до паузата постигна девет гола од 10 обиди. Кај Вардар во првото полувреме Павел Атман со пет гола засега е прв стрелец на Вардар.

 

 

 

 

 

Се вчитува...