Веспрем игра брза географија: Вардар од Јужна Македонија

Вардар од Јужна Македонија оди на гости кај Веспрем. Вака унгарскиот првак на официјалниот сајт ја најавува репризата на ланското финале во Лигата на шампионите. Утре (17.30 часот) европскиот првак Вардар гостува во Унгарија, а Веспрем си игра брза географија. И тоа со погрешни податоци.

Вардар го смени Давид Писонеро по дебаклот од Кил на домашен терен и утре на кормилото ќе го има Едуард Кокшаров. На клупата на Веспрем е поранешниот тренер на „црвено-црните“, Давид Дејвис.

Се вчитува...