Ракометарите на Веспрем триумфираа на овогодинешното издание на Супер Глоуб коj се одржува во Египет.
Веспрем во финалето ја совлада Барселона со убедливи 42:33 и се реваншира за поразот во ланското финале на Супер Глоуб.
Ова е втор триумф на унгарскиот тим на Супер Глоуб, претходно триумфира во 2024 година кога во финалето беше подобар од Магдебург со 34:33 по продолженијата.
Единственото водство, Барселона го имаше на стартот кога со голот на Нгесан поведе со 0:1, а потоа за сè се прашуваа ракометатите на Веспрем. Веднаш направија серија од 4:0, а потоа со нова серија од 4:0 поведоа со 8:2 по само девет минути игра.
На одмор се замина со предност од 22:16, а последната надеж на Барселона за пресврт беше уништена во 41-та минута кога Ремили погоди за двоцифрена предност (31:21). До крајот, Веспрем рутински ја одржуваше предноста за конечен триумф од 42:33.
Уго Деска со 10 гола беше нерешлива енигма за играчите на Барселона, а одличен беше и Ремили со осум гола. Кај Барселона Тимоти Нгесан со девет голови беше најпрецизен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
