Веспрем ја врати титулата во унгарското првенство

Ракометарите на Веспрем по пауза од три години повторно се шампиони на Унгарија откако во крајно интересна финална серија славеа со 2-1 во победи против големиот ривал Пик Сегед.

Откако во првите два меча и двата тима си поедлија една победа, Веспрем успеа да направи брејк на жешкиот терен на големиот ривал славејќи во одлучувачкиот меч со 27-31.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и на пауза заминаа со предност од два гола 14-12. Сепак, избраниците на Момир Илиќ со фуриозно второ полувреме успеаја да стигнат до целосен пресврт и да се радуваат на нова титула во домашниот шампионат.

Се вчитува...