Веспрем лесно против Брест Мешков, Манасков без ефект

Ракометарите на Веспрем очекувано славеа против Мешков Брест со 31-25 во 8. коло од Групата Б во Лигата на шампионите.

Веспрем запиша нови бодови во меч кој го доби благодарение на подобро одиграното второ полувреме. Првиот дел заврши 14-14, но ракометарите на Брест Мешков едноставно не можеа да парираат во вториот дел кога Унгарците стигнаа до победата.

Во победничкиот состав најефикасни со по пет гола беа Гајиќ, Ненадниќ и Штрлек, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не успеа да се запише во листата на стрелците. Кај Мешков, Акамбре со пет гола беше најдобар поединец.

Во следното коло Брест Мешков ќе биде домаќин на Вардар.

Се вчитува...