Веспрем не запира со засилувања – потпишан и полски „бомбардер“ од Мотор

Веспрем е најактивниот клуб на ракометниот пазар при договарањето на засилувањата за наредната сезона, тимот на нашиот Дејан Манасков денеска официјализираше уште еден трансфер. Станува збор за Павел Пачковски, 25-годишен полски „бомбардер“ кој пристигнува во Веспрем од редовите на Мотор Запорожје.

Пачковски беше дел од итмот на Кјелце што стигна до европската круна под водство на Душебајев, по што реши да замине во редовите на украинскиот првак. Сезонава тој веќе има постигнато 38 погодоци во ЛШ во дресот на Мотор, што заедно со добрата игра во дефанзива беа доволна препорака за интерес за неговите услуги да покаже Веспрем. Преговорите не траеја премногу долго, двете страни експресно се договорија за соработка за една сезона, со можност истата да биде продолжена за уште една дополнителна година.

На клупата на Веспрем седи поранешниот помошен тренер на Вардар, Давид Дејвис.

Се вчитува...