Веспрем остана без важен играч

Давид Дејвис се соочува со сериозен проблем откако тренерот на Веспрем остана без услугите на еден од клучните ракометари во тимот. Станува збор за капитенот Мате Лекаи, кој заработи повреда за време на последниот дуел со Кјелце.

Прегледите покажале дека станува збор за проблем со лигаментите во коленото, а дополнителните испитувања ќе утврдат дали ќе мора да биде извршен и хируршки зафат.

Во секој случај, Лекаи нема да може да се врати на терените најмалку до февруари, а во случај на операција тој би можел да биде „во аут“ до крајот на сезонава.

Веспрем е еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, а репризата од последното финале во ЛШ во Скопје е закажана за 1 декември.

Се вчитува...