Веспрем пак ќе пазари од Барселона

Веспрем повторно ќе гради моќен тим со кој унгарскиот гигант сонува конечно да си ја исполни желбата – да се искачи на тронот во Лигата на Шампионите.

Во тек се преговори со неколку врвни засилувања, а според последните информации најблиску до потпис за Веспрем од јули 2025 е Тијагуш Петруш. Бразилскиот репрезентативец важи за специјалист за одбрана, тој е член на Барса уште од 2018 година, кога беше доведен во клубот од страна на Чави Пасквал. Шпанскиот стратег сега се наоѓа на клупата на Веспрем и не ја крие желбата да доведе засилувања од каталонската престолнина, a Петруш наводно веќе ги договорил личните услови.

Овој трансфер ќе значи и камбек на бразилскиот ракометар во унгарскиот ракомет, ако се знае дека тој со успех настапуваше во оваа држава во периодот од 2015 до 2018 година, но како член на Пик Сегед.

Се вчитува...