Веспрем пак ќе пазари од Вардар, Гајиќ потврди дека си оди

Веспрем ќе ја продолжи сопствената традиција секоја година да „пазари“ од таборот на Вардар, откако унгарскиот првак тргна во офанзива за потпис на Данил Шишкарев.

Тимот на Давид Дејвис е принуден на ваков чекор откако Драган Гајиќ реши да стави крај на авантурата во Унгарија, потврдувајќи дека нема да го продолжи актуелниот договор што истекува на крајот на сезонава.

„Следните шест месеци ќе ми бидат последни во дресот на Веспрем. Ова беше и се уште е неверојатно искуство и ќе сторам се за да го остварам сонот на сите во клубот до крајот на сезоната“ – објави 35-годишниот Словенец.

Шишкарев минатата година беше поврзуван со Киелце, тој трансфер не се реализираше, но по зголемените финансиски проблеми на Вардар, руското десно крило е решено да си замине. Неговиот договор со „црвено-црните“ истекува на крајот од сезонава, по што може без никаква отштета да се пресели во Унгарија.

Се вчитува...