Веспрем се разбуди од сонот: Миклер ги запре „лавовите“ на Талески

Веспрем покажува знаци на будење од повеќемесечниот сон од стартот на сезонава откако унгарскиот гигант вечерва во одличен меч на гостински терен го совлада Рајн Некар-Левен со резултат 25-29. Дуелот на македонските репреззентативци Филип Талески и Дејан Манасков заврши со триумф на крилниот играч, иако и двајцата немааа позначајни улоги во играта на својот тим. Во главна улога беше гостинскиот голман Роланд Миклер, кој доби шанса пред Арпад Штербик и бранеше феноменално, носејќи ја победата на унгарскиот вицепрвак.

Првото полувреме донесе израмнета игра, на одмор се замина со резултат 13-14, за Веспрем да се одлепи на 16-20 по исклучувањето на Талески, добиено непосредно откако македонскиот бек постигна погодок. Унгарците поведоа со 21-26, „лавовите“ е приближија на 24-26, но по тајмаутот на Дејвис гостите повторно заиграа цврство во одбраната, на крајот славејќи со четири гола разлика.

Талески и Манасков постигнаа по еден гол за своите екипи, а најефикасни на натпреварот беа Менсах Ларсен со шест кај Рајн Некар-Левен и Мае кај Веспрем, кој шест пати го матираше Палицка.

Се вчитува...