Веспрем со нови договори за шестмина ракометари

Веспрем веќе го има „костурот“ на тимот за следната сезона откако унгарскиот гигант денеска објави дека се потпишани нови договори со шестмина ракометари.

На онлајн-пресконференцијата на која говореа менаџинг-директорот Золтан Чик и спортскиот директор Ласло Наѓ, беше обелоденето дека дресот на Веспрем и во иднина ќе продолжат да го носат Блаж Благотиншек, Владимир Цупара, Мануел Штрлек, Андреас Нилсон, Мате Лекаи и Рожерио Мораеш.

Сите шестмина потпишаа нови тригодишни договори, со што Веспрем се осигура дека тие ќе останат во клубот до јуни 2023 година.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков лани потпиша нов договор со унгарскиот првак, со важност до јуни 2022 година.

Се вчитува...