Вест Хем елиминиран, Тотенхем пак ќе преигрува во ФА Купот

Вест Хем беше непријатно изненаден во четвртото коло од ФА Купот на Англија, губејќи пред своите гледачи од Вест Бромвич Албион со 0-1. Таунсенд го постигна единствениот гол на мечот во 9. минута, а на домаќините не им помогна ниту фактот дека последните 20 минути ги играа ссо фудбалер повеќе на теренот, не успевајќи да стигнат до израмнување.

Тотенхем идентично како и во претходното коло против Мидлсброу, ремизираше 1-1 на гостувањето против Саутемптон, па избраниците на Мурињо ќе мора да преигруваат уште еден меч за да стигнат до следната рунда. Сон ги доведе „спарси“ во водсдтво на овој натпревар, а израмнувањето на „светците“ им го донесе „резервистот“ Буфел.

Норвич во дуелот на премиерлигашите како гостин го совлада Барнли со 1-2, додека Њукасл одигра разочарувачки 0-0 на домашен терен против Оксфорд.

Се вчитува...