Вест Хем Јунајтед го засили тимот со голман. Станува збор за данскиот интернационалец Мадс Хермансен кој доаѓа во Премиерлигашот од Лестер Сити. Трансферот изнесува 18 милиони фунти.
25-годишниот голман им се приклучи на „Чеканите“ потпишувајќи договор на 5+1 година. Тој во Вест Хем ќе има можност да работи со тренерот на голманите Каспер Анкергрен, со кого работеше заедно во Брондби претходно.
Хермансен во Брондби ја освои наградата играч на годината во 2022 година, а потоа беше прогласен за најдобар голман во Чемпионшип, кога Лестер обезбеди нова промоција во Премиерлигата, во сезоната 2023/24. Минатата сезона запиша над 100 одбрани за „Лисиците“ во елитното друштво, но тоа не му помогна на Лестер да опстане, и испадна повторно во Чемпионшип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

