Вест Хем го награди најдобриот стрелец

Вест Хем денеска соопшти дека е потпишан нов договор со најдобриот стрелец на оваа екипа, Мајкл Антонио, кој ќе остане дел од „чеканите“ до јули 2024 година.

Антонио, кој од неодамна почна да ги брани боите на репрезентацијата на Јамајка, е лидер на нападот на Вест Хем во последните неколку сезони. Тој е дел од лондонскиот клуб уште од 2015 година, кога пристигна од редовите на Нотингем Форест.

„Головите на Антонио ни помогнаа да останеме во Премиер-лигата во 2020, за потоа со десет гола и пет асистенции да ни помогне да обезбедиме излез во Лигата на Европа. Среќни сме со потпишувањето на овој договор, со кој се овозможува Антонио да има уште многу голови, асистенции и прослави во дресот на Вест Хем“, објави лондонскиот клуб на официјалната веб-страница.

Се вчитува...