Вест Хем го претстави Агуер од Рен

Англискиот премиер-лигаш Вест Хем го ангажираше мароканскиот интернационалец Најеф Агуер, кој досега ги бранеше боите на францускиот Рен.

Мароканецот со клубот од Лондон потпиша петгодишен договор, а според англиските медиуми Вест Хем на Рен му исплатил 30 милиони фунти. Агуер минатата сезона во дресот на Рен запиша 40 настапи и беше еден од најзаслужните за освојувањето на четвртото место на клубот во францускиот шампионат и пласманот во осминафиналето од Конференциската лига.

 

Се вчитува...