Вест хем го шокираше Тотенхем, Челси и со „шарен“ тим го реши Евертон

[two_third last=”no”]…[/two_third]

Тотенхем е елиминиран од Лига-купот на Англија откако „спарси“ прокоцкаа предност од 2-0 на домашен терен против Вест хем. По погодоците на Сисоко и на Деле Али се чинеше дека пласманот во четвртфиналето е осигуран, но „чеканите“ изненадија со храбра игра и направија чудесен пресврт во второто полувреме, два гола постигна Ају пред Огбона да ги постави конечните 2-3.

Антонио Конте го изротира тимот на Челси за дуелот со Евертон, но неговата екипа сепак успеа да слави со 2-1. Стратегот на Челси им даде шанса на младите Кенеди, Мусонда и Ампаду, меѓу првите единаесетмина се најдоа и Дринквотер и Запакоста заедно со Кристијансен, но на „Стемфорд бриџ“ сепак славеа домаќините. Рудигер го постигна првиот гол за Челси, на 2-0 во 93. минута зголеми Вилијан, пред Калверт Левин да ги постави конечните 2-1 непосредно пред последниот судиски свиреж.

Се вчитува...