Вест хем и Евертон шокирани во ФА Купот

Последните натпревари на денешната програма од англикиот ФА Куп донесоа и две големи изненадувања, откако Вест хем и Евертон ги завршија настапите со порази од екипи од понизок ранг на натпреварување.

Вест хем беше поразен со 4-2 на гостувањето против Вимблдон, дуел што „чеканите“ го стартуваа катастрофално и по 46 минути игра губеа со 3-0. Трите замени на Пелегрини вродија со плод и премиерлигашот намали на 3-2, но Вимблдон со гол во 90. минута стави печат на заслужената победа.

Евертон има за што да жали по поразот од 3-2 на гостувањето против Милвол. „Карамелите“ два пати водеа преку Ричарлисон и Тосун, домаќините успеваа да израмнат, за потоа Милвол со гол во 90. минута да стигне до изненадувачка победа.

Се вчитува...