Вест Хем нуди 25 милиони евра за Жиру

Англискиот премиерлигаш Вест Хем е сериозно заинтересиран за напаѓалот на Арсенал, Оливие Жиру. Тој не беше стандарден првотимец во редовите на „топчиите“ минатата сезона, па менаџерот Славен Билиќ сака тоа да го искористи и да му понуди да остане во Лондон, но да го облече дресот на Вест Хем. За ова Арсенал би добил 25 милиони евра отштета.

30-годишниот напаѓач се споменува и како потенцијално засилување за францускиот клуб Олимпик Марсеј, но засега Жиру не се огласува за овие понуди. Минатата сезона тој постигна 12 гола во дресот на Арсенал, иако само четири пати беше стартер во Премиер – лигата.

Вест Хем ова лето веќе го доведе искусниот десен бек Пабло Забалета од Манчестер сити.

Се вчитува...