Вест Хем се изнамачи против третолигаш во ФА Купот

Вест Хем Јунајтед успеа да ја мине 1/16 финалната пречка во ФА Купот и да се пласира во следната фаза со триумф на тешкото гостување кај третолигашот Бартон со 0-1 и тоа по продолженија.

Откако мрежите мируваа во регуларните 90. минути, „чекичарите“ успеаја да го надминат отпорот на противникот и со голот на Самерсвил во 95. минута да стигнат до посакуван триумф.

Во 101. минута гостите останаа со играч помалку откако директен црвен картон доби Потс, но Бартон не успеа да ја искористи предноста на теренот за изедначување и пенали.

Се вчитува...