Вест Хем денеска го промовираше првото зимско засилување. Станува збор за доскорашниот играч на Лацио, Тати Кастељанос.
27-годишникот се приклучува на „чеканите“ на договор на четири и пол години, со опција за продолжување на уште една година.
„Агресивен, длабоко расположен напаѓач способен да постигнува голови и да создава голови, да ја поврзува играта и да работи напорно за својот тим, Кастеланос уживаше во одлична кариера во МЛС, Ла Лига и Серија А, а сега ќе ги донесе своите сеопфатни квалитети во Премиер лигата“, напишаа од Вест Хем.
Тој во новиот клуб ќе го носи дресот со број 11, и ќе биде достапен за настап уште утре, кога Вест Хем го пречекува тимот на Нотингем Форест.
„Навистина сум среќен бидејќи ова е многу важен предизвик за мене лично и дојдов да придонесам, да се обидам да му помогнам на тимот колку што можам“, рече Кастељанос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

