Вест Хем се засили со голман кој минатата сезона играше во Лестер

Англискиот премиерлигаш Вест Хем официјално го објави потпишувањето на 25-годишниот дански голман Мадс Хермансен од Лестер.

Хермансен потпиша петгодишен договор со лондонскиот клуб, и иако Вест Хем официјално не ја објави висината на отштетата, англиските медиуми објавуваат дека Данецот дошол во трансфер вреден 21 милион евра.

Хермансен ја започна својата професионална кариера во данскиот Брондби, а во 2023 година се пресели во Лестер. Тој го смени клубот ова лето откако Лестер испадна од Премиерлигата, но сепак останува дел од англискиот фудбал.

Се вчитува...