Фудбалерите на Вест Хем, иако беа огромни фаворити на гостувањето против ТСЦ Бачка Топола, сепак се спасуваа од брука со гол во 90. минута за минимална победа од 0-1 во 5. коло од Групата А во Лигата на Европа.
Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски остана само на клупата за резервни фудбалери, не добивајќи шанса за настап кај ТСЦ.
⚽️🇪🇺 GOAL | West Ham 1-0 TSC | Tomas Soucek
SOUCEK OPENS THE SCORING FOR WEST HAM!pic.twitter.com/kStXgjSYfG
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 30, 2023
Фрајбург, пак, во оваа група славеше убедливо со 5-0 против Олимпијакос. Вест Хем и Фрајбург продолжуваат понатаму од оваа група во Лигата на Европа со ист број бодови по пет меча.
Интересен натпревар одиграа АЕК и Брајтон во Атина во Групата Б. Гостите славеа со 0-1 со голот на Жоао Педро и со 10 бода си го осигураа пласманот понатаму, а АЕК повеќе нема шанси да биде барем во втор во групата.
Во Групата Д, Аталанта ремизираше со Спортинг Лисабон (1-1), додека Раков го изненади Грац Штурм и победи со 1-0.
Во Групата Ц, Спарта го победи Бетис со 1-0 и ги закомпликува работите на табелата. Сега Бетис има 9 бода, Ренџерс и Спарта по седум…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА