Вест Хем во директната борба за опстанок го „преслуша“ Вотфорд (ВИДЕО)

Вест Хем Јунајтед го совлада Вотфорд со 3-1 во директниот натпревар за опстанок во англиската Премиер-лига. Домаќините ги решија сите непознаници во фуриозното прво полувреме во кое стигнаа до убедливи 3-0. Антонио донесе водство од 1-0 во 6. минута, а само четири минути подоцна Соучек зголеми на 2-0. Во 36. минута со голот на Рајс Вест Хем веќе имаше 3-0. Во вториот дел единствено нешто што успеаја гостите е да го ублажат поразот на 3-1 преку Трој Дини во 49. минута.

Со победата Вест Хем скоро обезбеди опстанок бидејќи се искачи на 15. позиција со 37 бода, три повеќе од денешниот противник кој е 17. и огромни шест бода пред 18. и 19. Бурнемаут и Астон Вила.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...