Вест Хем по подолго време се враќа во европските натпреварувања, а доколку составот на Дејвид Мојс сака да биде конкурентен во Лига Европа мора да се засилува. Една од дефицитарните позиции за „чекичарите“ е одбраната, а како наследник на Балбулена шкотскиот тренер го гледа Курт Зума од Челси.
Францускиот интернационалец претходната сезона одигра 36 натпревари во сите конкуренции за европскиот шампион, меѓутоа често го пополнуваше местото на повредениот Тијаго Силва па германскиот стратег не го гледа Зума како постојан првотимец и се поизвесно е дека го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Останува само епилогот на трансфер-маркетот. Челси се обидува да го искористи 26-годишникот како дел од трансферот на Жил Кунде, но желбата на Французинот е да остане во Лондон каде постои сериозен интерес од Вест Хем кој испратил и втора понуда за ангажманот на стоперот.
Интересно е тоа што ниту оваа опција не би била лоша за Челси. „Сините“ сакаат да го вратат поранешниот младинец Деклан Рајс во своите редови, а доколку пропадне трансферот со Севилја, желбата на Абрамович ќе биде се поблиску до „синиот“ дел од градот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА