Вестбрук: Не сакам моите деца да мислат дека полицијата им е непријател

Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук се огласи по повод актуелната ситуација во САД и протестите против расизам. Откако Џорџ Флојд беше убиен од страна на полицаец има големи протести во земјата во која полициските службеници сега се гледани како непријатели. На Вестбрук тоа не му се допаѓа бидејќи вели дека расизмот треба да се искорени, но не сака неговите деца полицијата да ја гледаат како непријател.

„Не сакам моите деца да растат во свет во кој ќе мислат дека полицијата им е непријател, дека ќе биде тоа некој што утре може да ги убие. Тоа мора да се промени. Сфаќам дека мојата обврска е да ги едуцирам луѓето колку е гласањето важно и колку нивниот глас е навистина важен“, изјави Вестбрук. 

И самиот Расел Вестбрук неодамна беше жртва на расизам кога во текот на натпреварот со Јута Џез еден фан го навреди на расна основа.

Се вчитува...