Ветено – сторено, Мурињо му подари чевли на младиот талент на Рома (ВИДЕО)

Жозе Мурињо си го одржа зборот, откако синоќа по победата од 2-0 на Рома на гостувањето кај Џенова изјави дека на фудбалерот, кој ги постигна двата гола Феликс Афена-Гијан му ветил дека ќе му купи екстремно скапи чевли, кои нему ќе му се допаднат.

Младиот фудбалер вчера откако го постигна првиот гол на „Мараси“ дотрча до својот тренер да го потсети за ветувањето. Ветено-сторено, Мурињо денеска се појавил во тренинг-центарот на Рома со подарок.

Португалецот ги купил челвите за Феликс, што чинат 800 евра и се од брендот „Баленсијага“.

Се вчитува...