Ветеранот Белинели останува во Виртус Болоња

Искусниот италијански кошаркар Марко Белинели и во следната сезона ќе го носи дресот на Виртус Болоња откако постигна договор со раководството на клубот за активирање на клаузулата за продолжување на соработката.

Тоа воедно на 38-годишникот му носи и побогат договор согласно со договорот што значи и дека ќе биде еден од најплатените кошаркари во „црно-белите“ редови.

И покрај сериозната годишна возраст, Белинели изминатата сезона блескаше во дресот на Болоња бележејќи просек од 14.1 поен, 1.7 скокови и 1.7 асистенции по натпревар.

Ветеранот беше одбран и за најкорисен играч на италијанското првенство на големо изненадување со оглед на тоа што неговиот тим беше поразен во финалето.

Се вчитува...