Ветеранот Боби Божиновски и Македонија ЃП се разделија

Ветеранот Боби Божиновски, најстариот фудбалер во моментов во Првата лига, не е повеќе дел од Македонија ЃП. Играчот од средниот ред и клубот од Ѓорче Петров се договорија спогодбено да ја прекинат соработката.

41-годишниот Божиновски е дел од Македонија ЃП од 2017 година, откако дојде од таборот на Пелистер.

„Сметав дека можам да помогнам барем уште шест месеци. Планирав во декември да ја завршам кариерата, а сега сето ова може да ги смени моите планови. Имавме сосема различни ставови со тренерот Бајрами, и неизбежна беше разделбата со клубот. На Македонија ЃП и посакувам се најдобро во сезоната“, изјави Божиновски.

Ветеранот Божиновски во минатото беше дел од Вардар, Цементарница, Ветра, Судува, Работнички, Астана, Тетекс и Пелистер.

Се вчитува...