Видал до Реал: Да имаше ВАР, ќе ви земев две титули од ЛШ…

Артуро Видал несомнено ќе биде од голема помош на Барселона, особено кога станува збор за „големи натпревари“ на кои е неопходно и искуство во битка за трофеи. Чилеанецот летово пристигна од Баерн Минхен, а главна желба му е да го тргне Реал Мадрид од тронот во Лигата на шампионите, каде „кралевите“ ги освојуваа пехарите во претходните три години.

„Реал Мадрид се фали со титулите, но да постоеше ВАР два од овие три трофеи ќе беа мои, заедно со остатокот од Баерн Минхен. Тоа ќе ми биде само мотив повеќе за оваа сезона, дојдов во Барселона и веднаш кажав дека желба ми е да освојам се што може да се освои. Ова ќе ми биде прва сезона во Шпанија, нова лига со квалитетни играчи, секако дека сум возбуден“ – истакна Видал.

Се вчитува...