Видал најави заминување од Барса: Се уште сум во одлични односи со Конте…

Артуро Видал најави можност за заминување од Барселона, нагласувајќи дека е во добри односи со поранешниот тренер Антонио Конте, кој сега е на чело на Интер.

„Имам 33 години, но навистина добро тренирам. Чувствувам дека може да играм на највисоко ниво уште три или четири сезони“ – вели Чилеанецот и дополнува:

„Задоволен сум во Барселона, но сакам да се чувствувам значаен за екипата. Кога не е така немам проблем да заминам од клубот и да побарам нешто друго за мене. Сакам да играм, и затоа ако треба ќе заминам од Барселона. Имам одличен однос со Конте, и тој знае дека сум победник и дека може да ми верува“.

Видал со Конте освои три шампионски титули кога заедно работеа во Јувентус од 2011 до 2014 година.

Се вчитува...