Видал оптимист: Сакам три титули во ЛШ во следните три сезони со Барса

Артуро Видал денеска и официјално го облече дресот на Барселона, откако чилеанскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи и беше официјално промовиран во најново засилување на каталонскиот гигант.

„Пресреќен сум што дојдов во Барселона, клубот каде играат најдобрите играчи во светот и верувам дека можам да помогнам. За мене Меси е најдобриот фудбалер во историјата, ќе ми биде чест да сум крај него. Сепак, Барса не е само Меси, тука се уште бројни ѕвезди кои играат на највисоко можно ниво, јас ќе сторам се за да бидам на исто рамниште со нив и да помогнам да освоиме што повеќе трофеи“ – истакна Видал.

Чилеанскиот пристигна од редовите на Баерн Минхен, а не крие дека приоритет му е покрај „домашни титули“, да се закити и со трофејот од Лигата на шампионите.

„Претходно имав некои конфликти на средбите со Реал, но не сакам на овој трансфер да се гледа како на ривалитет со клубот од Мадрид. Јас дојдов овде за да бидам во Барса и целта ми е да освојам што повеќе пехари. Да бидам искрен – сакам три титули во ЛШ во следните три сезони со Барселона, тоа е мојот сон и со оглед на тимот што го имаме верувам дека е возможен“ – оптимист е Артуро Видал.

Се вчитува...