Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб очекува денеска прослава на шампионската титула во хрватскиот шампионат доколку се стигне до триумф на гостувањето против Истра во Пула.
А, „модрите“ се на добар пат и да го реализираат тоа откако на полувремето имаат предност од 0-2. Првиот погодок за Динамо беше дело токму на капитенот Адеми во 20. минута кој сам стартуваше акција за погодок и на крај ја реализираше…
Ова е втор гол сезонава во првенството на Хрватска за македонскиот репрезентативец во 13 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА