ВИДЕО: Адеми му врати со гол на Атанасов, пресврт на Динамо за водство со Хајдук

За само три минути Динамо Загреб успеа да дојде до пресврт на „Максимир“ во јубилејното 100. дерби со Хајдук во хрватскиот шампионат.

По оние 0-1 на Хајдук на полувремето, благодарение на феноменалниот гол на македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, Динамо Загреб од 61. до 64. минута успеа да дојде до комплетен пресврт за водство од 2-1.

Најпрво во 61. минута Батурина го израмни резултатот, а потоа и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, му врати со гол на репрезентативниот колега Атанасов, во 64. минута со глава носејќи предност од 2-1 за „модрите“…

Се вчитува...