ВИДЕО: Агим Ибраими и Муслиу го решија Силекс во Кратово

Без никакви проблеми, носена од Агим Ибраими, Шкендија дојде до победата од 0-3 на гостувањето против Силекс во Кратово во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Триумфот беше најавен уште во 25. минута кога по ударот на Агим Ибраими од десеттина метри, Филип Миленковски си постигна автогол. Во 66. минута, Ибраими погоди од непосредна близина за 0-2, по асистенцијата на Жуниор, а во 87. минута Муслиу ги постави конечните 0-3 откако по корнерот од десната страна топката незгодно отскокна и дојде на главата на македонскиот репрезентативец на кого не му беше тешко да погоди од непосредна близина…

Головите од пресметката во Кратово може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...