ВИДЕО: Акција од гол на гол во два потези – Дурански за мат на „пелистерци“!

Горан Станковски стигна до првата своја победа откако ја презеде клупата на Работнички. И тоа во дерби пресметката од ова коло против Пелистер, славејќи со 2-0. Сосема заслужено „романтичарите“ стигнаа до триумфот со головите на Херера и Филип Дурански.

Првиот во 18. минута по корнерот од десната страна, домашните го искористија и киксот на гостинскиот голман…

А, вториот акција од гол на гол… Почната од голманот Божиновски, преку Погосјан и завршена од Дурански. Акција која вреди да се погледне…

Се вчитува...