ВИДЕО: Акција од учебник – беспрекорен контранапад за триумф на Ренова во Струмица

Ренова веќе дојде во ситуација да се бори и за европски излез откако запиша и четврта едноподруго победа во домашниот шампионат. „Гипсарите“ во 23. коло славеа со 0-1 на гостувањето против Академија Пандев.

А, единствениот погодок следеше по беспрекорната акција во 38. минута. Извонреден контранапад на Ренова кој со одличен погодок го заокружи Башким Велија…

Се вчитува...