ВИДЕО: Американецот со нигериско потекло, Чиназорм е херојот на Победа

Американскиот фудбалер Кириан Набуезе Чиназорм кој непосредно пред почетокот на сезоната од редовите на словенечка Горица ги засили редовите на Победа е херојот на прилепчани за почетна победа во новиот прволигашки шампионат.

Победа во 1. коло, во Битола, славеше против струмичка Беласица со 1-0 токму благодарение на погодокот на Чиназорм во 70. минута кој искористи една грешка во одбраната на гостите…

25-годишниот Кириан Чиназорм е со нигериско потекло но има единствено државјанство на САД. Покрај за словенечка Горица, претходно во кариерата има настапи и за ерменските Банантс, Ширак и Арарат како и за Лос Анѓелес мисионерс во САД.

Се вчитува...